За нас

Здружението за заштита на природните и културните вредности «Базилика» со своите активности придонесува за зачувување на природните и културните вредности во Република Македонија, на локално, регионално и национално ниво; обновување и негување на културното наследство, народните обичаи и традиции, старата архитектура и локалните споменици; зачувуање, негување и унапредување на природните вредности, особено ретките и загрозени видови чиј природен хабитат е на територијата на Република Македонија; развој на локални ресурси за економски развој преку поттикнување на традиционалните и други занаети и вештини.